Posts

Showing posts from June, 2023

Компјутерски игри

Image
  компјутерски игри Програмите за забава кои се играат на компјутер се викаат  компјутерски игри. Првата компјутерска игра во светот била направена во 1961 год. во Америка под името Spacewar. Карактеристика на игрите Секоја игра има свои  правила на играње  и  цел  која играчот треба да ја постигне. Целта може да биде победа, решавање на логички проблем, поминување на сите нивоа, што подолго играње и слично. Според правилата на играта играчот влече  потези  за да ја постигне цел та.   Поделба н а игрите: Според бројот на играчи, игрите можат да бидат за: • еден играч (singlе player – сингл плеер), • повеќе играчи (multyplayer – мулти плеер). Според темата, содржината и потребните вештини од играчот постојат најразлични видови компјутерски игри, како на пример: • аркадни (кај овие игри важни се брзо реагирање и рефлекси) • логички (кај овие игри важни се размислување, меморија, интелигенција) • симулации...